Меси и на 38 години ја има магијата во своите нозе (ВИДЕО)

Интер Мајами ја оствари третата победа оваа сезона во МЛС и застана на првото место во Источната конференција откако ноќеска ја победи Атланта Јунајтед како гостин со 2-1.

Во стартната постава се врати Лионел Меси и веднаш потврди дека класата е вечна и покрај тоа што во јуни ќе наполни 38 години. Аргентинската суперѕвезда го израмни резултатот во 20. минута откако прво украде една топка, се ослободи од противнички играчи и на крајот ја „црпна“ за да го совлада голманот на Атланта Јунајтед.

Сепак, победата на Интер Мајами му ја донесе Пико во 89. минута на асистенција на Жорди Алба, па тимот од Флорида сега има десет бода од четири натпревари.