Трапановски даде гол и се помоли за жртвите од пожарот во Кочани! (ФОТО+ВИДЕО)

Maкедонскиот фудбалер Кристијан Трапановски денеска постигна гол во натпреварот за својот Данди Јунајтед против Данди ФК и не заборави да оддаде почит на жртвите во трагедијата во дискотеката во Кочани.

По постигнатиот гол на почетокот во вториот дел Трапановски истрча и клекна на колена молејќи се за настраданите.