
По пожарот во Кочани: Фудбалер на Шкупи е во болница со изгореници!
Според информациите, тој се наоѓа в болница со изгореници, но надвор од животна опасност. Неколку часа претходно, неговото семејство преку социјалните мрежи се обидуваше да лоцира каде се наоѓа бидејќи немаше информација каква е неговата состојба. Потрагата заврши среќно, но јасно е дека Лазаров го очекува период на заздравување од повредите.
Лазаров е роден токму во Кочани, има 25 години и е поранешен член на македонската У21 репрезентација за која има забележано еден настап. Во Шкупи дојде пред почетокот на оваа сезона и досега забележа осум настапи во Првата лига.
Претходно играше во хрватските клубови Рудеш и Горица, а во Македонија настапуваше уште за Работнички и Тиквеш.