
Поради трагедијата во Кочани, ФФМ ги откажа сите натпревари!
Причина за тоа е трагедијата што ноќва се случи во Кочани каде, според последните информации, во дискотека загинаа околу 50 лица.
„Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите. Изразуваме најискрено сочувство и поддршка.
Фудбалската федерација на Македонија ги одложува денешните натпревари во сите конкуренции. Дополнително ќе биде одреден датумот за одигрување на одложените мечеви“, стои во соопштението од ФФМ.
Меѓу другото, денеска требаше да се играат натпреварите од 21. коло на Втората македонска фудбалска лига.