Мејар славеше во Хафјел, Одермат го освои малиот Кристален глобус!

Швајцарските скијачи остварија потполна доминација на денешната велеслаломска трка од Светскиот куп во норвешкиот скијачки центар Хафјел, со пласман на сите три позиции на победничкиот пиедестал.

Победи Лоик Мејар, втор беше Марко Одермат, додека на третото место се пласира Томас Тумлер. Мејар со вкупно време 2:18,20 минути уште по првото возење се наоѓгаше на челната позиција, а на крајот избори триумф. Одермат заостана за 14 стотинки, а Тумлер заврши со заостанување од 23 стотинки. Хрватскиот скијач, Филип Зубчиќ, заврши на осмото место со заостанување од 1,61 секунда зад победникот.

Одермат со денешното второ место го освои Малиот Кристален глобус во велеслалом, додека веќе го има осигурено и Големиот Кристален глобус во генерален пласман во сите дисциплини. Поради ова, неговото име останува запишано во историјата, бидеќи остана вториот скијач со четири титули по ред, по Марсел Хиршер.