Aнчелоти лут: Не ми е јасно зошто играме утре

Само три дена по реваншот против Атлетико Мадрид во осминафиналето во кое фудбалерите на Реал Мадрид имаа и пенали актуелниот шампион на Шпанија го чека ново гостување.

„Кралевите“ утре од 18:30 часот ќе се соочат со Виљареал во дербито од 28. коло во Ла Лига.

Виљареал има добра сезона и од петтата позиција се бори за местата кои водат во Лигата на шампионите, а пред натпреварот Карло Анчелоти се пожали на распоредот.

„Ме прашувате како се чувствува тимот? Уште се опоравуваме. Не разбирам зошто играме утре. Основниот минимум за опоравување по еден натпревар е 72 часа и не треба пред истекот на тој рок да играш нов натпревар. Луѓето кои одлучуваат очигледно се грижат само за телевизиските права и не за фудбалерите“, се пожали италијанскиот стратег.