Фернандеш му одговори на Ретклиф: Не е убаво да се слушнат такви работи

Во реваншот од осминафиналето во Лигата на Европа Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ го победи Реал Сосиедад со 4-1 и така се избори за место во следната фаза.

Противник на избраниците на Аморим во четвртфиналето ќе биде Лион кој со победа од 4-0 против ФЦСБ го потврди пласманот помеѓу најдобрите осум.

Шпанскиот тим дојде до водство во осмата минута, но потоа на сцена стапи Бруно Фернандеш кој постигна хет-трик, еден гол беше дело на Диого Далот.

По натпреварот португалскиот фудбалер одговори и на новиот сопственик Сер Џим Ретклиф кој пред неколку дена зборуваше дека некои фудбалери на Манчестер јунајтед се преплатени.

Стануваше збор за Расумс Хојлунд, Андре Онана и Касемиро за нив Ретклиф изјави дека не се доволно добри за Манчестер јунајтед и дека се преплатени.

„Не е убаво да се слушнат такви работи. Никој не сака критики или коментари дека е преплатен. Секој фудбалер има договор и тој договор клубот го потпишал, без разлика дали кога доаѓаш или кога го обновуваш. На тебе е да докажеше колку можеш да бидеш важен“, изјави Фернандеш.