Алкараз и Медведев итаат кон трето меѓусебно финале на Индијан Велс

Претходните две години Карлос Алкараз и Данил Медведев играа во финалето од Мастерсот во Индијан Велс, а како што стојат работите, тоа би можело да се случи и оваа година.

Двајцата ноќеска ги поминаа четвртфиналните пречки и се уште еден чекор поблиску кон мечот за трофејот. Медведев беше подобар од Филс од Франција со 2-1 (6-4, 2-6, 7-6), додека Алкараз го победи елиминира Серундоло со 2-0 (6-3, 7-6).

Русинот се соочи со големи проблеми бидејќи во третиот имаше брејк негатива, но успеа да се извлече и во тај-брејкот да ја искористи дури третата меч-топка. И Алкараз мораше да спасува брејк во вториот сет, ама успеа да возврати и исто во тај-брејк да дојде до победата.

Во полуфиналето, Алкараз ќе се сретне со Џек Дрејпер од Велика Британија, додека Медведев ќе игра со Руне. Во финалните натпревари претходните две години славеше Шпанецот.