
Алегри се враќа во Милан!?
Милан има квалитетен состав, а води тешка битка за место во Лигата на шампионите и работите не одат најдобро.
Доколку не успеат да се квалификуваат во елитното натпреварување, цената ќе ја плати Консеисао кој ќе добие отказ.
Веќе се шпекулира со можни наследници, а според „Газета дело Спорт“, најсериозен кандидат за нов тренер на Милан е Масимо Алегри.
Алегри беше тренер на Милан од 2010 до 2014 година, тој со росонерите го освои Скудетото во сезоната 2010-11.