Ред Бул го покажа болидот за 2018, но за трките ќе биде поинаков (ФОТО)
Официјалната презентација е закажана за следната недела, па затоа многумина се изненадија од фотографиите. Даниел Рикиардо денеска ќе го вози болидот на патеката „Силверстоун“, но од таборот на австрискиот тим објавија дека дизајнот на болидот ќе биде тој, но не и боите. Оваа шара на болидот ќе биде користена само за тестовите, а вистинскиот изглед на болидот ќе го видиме следната недела.