Леверкузен бара одмазда против Баерн, а ПСЖ ќе оди на сè или ништо на „Енфилд“

Вечерва продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампиони (ЛШ), а ќе се одиграат четири реванш натпревари од осминафиналето во елитното натпреварување.

Сите погледи на спортската јавност ќе бидат насочени кон дербито меѓу Ливерпул и ПСЖ, каде што премиерлигашот ќе се обиде да ја зачува предноста од 1-0.

Ливерпул славеше во Париз во првиот натпревар, и тоа од единствениот шут во рамките на голот на Џанлуиџи Донарума, иако ПСЖ доминираше во текот на целата средба.

Екипата на Луис Енрике сака да го повтори настапот од „Паркот на принцовите“, но дефинитивно овој пат се надева дека ќе бидат искористени шансите за разлика од првиот меч кога имаа дури 27 удари кон голот на извонредниот Алисон Бекер.

На програмата ни е и германското дерби меѓу Баер Леверкузен и Баерн Минхен, каде што поранешниот германски шампион ќе брани предност од 3-0 против актуелниот првак на Германија.

Избраниците на Чаби Алонсо се мотивирани пред реваншот, но шпанскиот стратег ќе биде без услугите на најдобриот фудбалер Флоријан Вирц, кој се повреди и го чека пауза од неколку недели.

Барселона вечерва ќе брани предност од 1-0 против Бенфика, додека Интер ќе се обиде да го зачува водството од првиот меч (2-0) против Феенорд.