Њукасл со гол на Гимараеш го нокаутира Вест хем (ВИДЕО)

Фудбалерите на Њукасл остварија важна победа на гостувањето кај Вест хем во Лондон (1-0) во 28. коло од англиската Премиерлига.

Њукасл имаше неколку сериозни шанси, а до посакуваното водство стигна во 63. минута кога Бруно Гимараеш ја затресе мрежата на ривалот од Лондон.

Вест хем не успеа да одговори и да ја врати резултатската неизвесност, иако се обидуваше со сите сили до крајот на средбата.

Њукасл со оваа победа скокна до шестата позиција и има 47 бодови, односно два помалку од четвртопласираниот Челси.