Заврши суспензијата на Погба: Французинот се сели во МЛС-лигата!?

Поранешниот француски репрезентативец Пол Погба може повторно да игра професионален фудбал, откако му заврши 18-месечната суспензија поради позитивниот тест на тестостерон.

Погба најпрво доби суспензија од четири години, меѓутоа Меѓународниот арбитражен суд за спорт (ЦАС) во ноември му ја намали санкцијата на 18 месеци.

Французинот последниот меч го одигра на 3 септември 2023 година за Јувентус, а сега би можел кариерата да ја продолжи во Интер Мајами.