Србљак ги мина квалификациите и ќе игра на главниот турнир на Кипар!

Македонскиот тенисер, Горазд Србљак успеа да се пласира на главниот турнир во Аламинос, Кипар откако во квалификациското финале беше подобар од Мануел Лазиќ од Австрија.

Македонецот победи во три сета по голема борба. Првиот сет во тај брејк му припадна на противникот на Србљак со 7:6 во гемови и 7:5 на поени. Во вториот сет македонскиот тенисер успеа да дојде до предност и сетот го заврши со 6:4 во гемови. Во решавачкиот сет на поени Србљак беше поуспешен и триумфираше со 10-8.

Утре во првото коло на турнирот Србљак ќе игра против Џанмарко Ортензи од Италија, кој е рангиран на 969.место на АТП листата.

Наградниот фонд на турнирот е 15.000 долари.