Станиќ го објави списокот со фудбалери за дуелите против Белорусија и Азербејџан

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година во периодот од 17 до 26 март ќе биде во Анталија, Турција на подготовки со новиот селектор Горан Станиќ, а притоа ќе одигра два контролни натпревари.

Македонија ќе се соочи против Белорусија на 21 март од 14 часот, а потоа на 25 март ќе игра против Азербејџан од 18 часот.

Селекторот Станиќ го објави списокот со фудбалери за подготовките и пријателските натпревари кои ќе се одиграат во Турција.

ГОЛМАНИ:

Васко Василев - Гостивар

Љупче Џеков - Силекс

Славе Вргов - А.П. Брера

ОДБРАНА:

Давид Даилоски - Венло, Холандија

Даниел Марковски - Јеншепинг, Шведска

Андреј Аризанкоски - А.П. Брера

Анес Меличи - Шкендија

Марко Стојилевски - А.П. Брера

Ѓорге Џеков - Силекс

Бенан Хамидовиќ - Магдебург, Германија

Андреј Велков - А.П. Брера

Нуман Ајетовиќ - Шкупи

СРЕДЕН РЕД:

Матеј Ангелов - Работнички

Ѓорѓи Дошев - Македонија Ѓ.П.

Адриан Зенделовски - Олимпик, Шведска

Теодор Николовски - Работнички

Мартин Ѓоргиевски - Работнички

Шабан Зенку - Струга Трим Љум

НАПАД:

Димитар Данев - Работнички

Димитар Трајков - Дуго Поље, Хрватска

Никола Величковски - Септември, Бугарија

Михаил Талевски - Вардар

Бесмир Даци - Шкупи

Кире Стојанов - Беласица

Никола Манојлов - Работнички