Капинковски ги избра репрезентативците за квалификацискиот турнир за ЕП

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години во периодот од 17 до 26 март ќе настапи на квалификациски турнир во Шкотска за пласман на Европското првенство (ЕП).

Македонија е во групата со Шкотска, Романија и Лихтенштајн, а првиот меч се игра против домаќинот на 19 март од 16.30 часот.

Нашите репрезентативци потоа ќе се соочат со Лихтенштајн, а последниот дуел е закажан против Романија.

Селекторот Димитар Капинковски го објави и списокот со репрезентативци за натпреварите во Шкотска.

Голмани:

Антониј Трпчевски - Работнички

Александар Трајков - А.П. Брера

Дарко Јовчев - Македонија Ѓ.П.

Одбрана:

Албан Рочи - А.П. Брера

Андреј Димовски - А.П. Брера, 

Стефан Стаматоски - Вардар

Мартин Џангаровски - Македонија Ѓ.П.

Стефан Секирски - Беласица

Мухамед Мустафи - Ст. Гален (Швајцарија)

Матео Кесиќ - Бродарац (Србија)

Кристијан Маркоски - Келн (Германија)

Среден ред:

Иван Танчев - А.П. Брера

Давид Ангелевски - Пелистер

Лорент Жаку - Воска Спорт

Ненад Дамјановски - Домжале (Словенија)

Христијан Јевтовски - Вардар

Напад:

Иво Марковски - Вардар

Дитмир Хоџа - Воска Спорт

Флорент Османи - Шкендија

Стефан Бранковски - Марибор (Словенија)

Дамјан Буцевски - ИМТ (Србија)