
Гасперини „до вчера“ се караше со Лукман, а сега ќе го постави за капитен!
Гасперини „до вчера“ го напаѓаше Лукман, а посебно му замери затоа што напаѓачот реши да изведе пенал и го промаши истиот, меѓутоа сега се во добри односи, па решил дури и да размисли да му ја даде капитенската лента.
Искусниот стратег го обвини Лукман дека е најлошиот изведувач на пенали по промашувањето против Клуб Бриж, но сега ситуацијата е поинаква.
„Кога ќе поминете 300 дена заедно во годината, тогаш може да постојат несогласувања. Лукман е фантастичен фудбалер, сигурен сум дека може да стане капитен до крај на сезоната“, кажа Гасперини.