
Дончиќ доби брутален удар со колено во глава од - голем пријател на Перо Антиќ (ВИДЕО)
Првото полувреме донесе израмнета борба, при што Бостон замина на одмор со минимална предност од 58-54. Пресудна беше третата четвртина, кога Лејкерс целосно потфрлија, а „келтите“ ја зголемија предноста на максимални плус 22, со што практично ја обезбедија победата. До крајот на мечот, „езерџиите“ успеаја само да го ублажат поразот. Најзаслужен за триумфот на Бостон беше Џејсон Татум, кој одигра извонреден натпревар со 40 поени, 12 скокови и осум асистенции, додека Џејлен Браун додаде 31 поен, шест скокови и две асистенции. Во редовите на поразениот тим, Лука Дончиќ беше најефикасен со 34 поени, осум скокови и три асистенции, додека Леброн Џејмс беше блиску до трипл-дабл со 22 поени, 14 скокови и девет асистенции.
Мечот го одбележа и моментот од првата четвртина, кога Ал Хорфорд, кој е поранешен соиграч и долгогодишен голем пријател на нашиот Перо Антиќ, направи спектакуларно забивање, но при слетувањето го удри со колено во глава налетувачкиот Дончиќ. Судејќи според снимката, вистинско чудо е што словенечкиот кошаркар не беше нокаутиран од силниот удар.