Интер по „рецептот“ на Милан до три бода против Монца (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер во натпревар кој многу наликуваше на дуелот помеѓу Лече и Милан кој се играше претходно славеа победа со 3-2.

Латуаро Мартинез прв ја погоди мрежата во 24. минута, но тој гол беше поништен поради играње со рака на Аргентинецот. Десетина минути подоцна Бриндели го отвори резултатот за во 44. минута Кеита Балде со вистински еврогол да зголеми на 0-2.

Марко Арнаутовиќ се погрижи во самата завршница од првиот дел Интер да нема два гола негатива на паузата и стрелаше за 1-2.

Тргна Интер по пресврт во второто полувреме и констатно се играше пред голот на гостите. Израмнување донесе Чалханоглу во 64. минута, додека конечните 3-2 беа поставени со автоголот на Кирјакопулос.

На табелата сега Интер има 61 бод, четири повеќе од Наполи кој утре го игра својот натпревар од ова коло против Фиорентина.