
Милан по два поништени гола и пресврт во пет минути го победи Лече (ВИДЕО)
Уште во првата минута започнаа возбудувањата кога погодокот на Хименез беше поништен поради недозволена позиција, Натпреварот го отвори Крстовиќ со еден фантастичен гол со удар од далечина.
Се играше 15-тата минута кога видовме уште еден поништен гол на Милан поради офсајд, сега немаше среќа Габија. На пауза домаќините заминаа со еден гол предност.
Крстовиќ постигна и втор гол на натпреварот во 59. минута за водство од 2-0. Милан не се откажа и успеа да се врати во игра во период од минути. Прво Гало во 68. минута си постигна автогол, а потоа Пулишиќ стрелаше за водство.
Американскиот напаѓач беше стрелец и на десетина минути пред крајот на натпреварот кога погоди за 2-3 и победа за Милан.
За „росонерите“ овој триумф беше и важен затоа што дојде по три порази во низа во Серија А. Милан сега е осми со бод повеќе од Рома која има натпревар помалку.