Алегри се враќа во Серија А, повторно ќе го тренира Милан!?

Италијанскиот тренер Масимилијано Алегри би можел повторно да се врати во Серија А, каде што последниот ангажман го имаше на кормилото на Јувентус.

Алегри го тренираше Јувентус од 2015 до 2019 година, а потоа од 2021 до 2024 година, но сега би можел да го преземе Милан, каде што работеше пред првиот мандат во „Старата дама“.

Раководството на Милан наводно не е задоволено со Сержо Консеисао и планира да го отпушти на крајот на сезоната, а Алегри делува како идеален кандидат за тренерското столче во тимот.