Гилџес-Александер пак отиде над 50 и ги остави далеку зад себе Вилкинс, Чембрлен и Џордан (ВИДЕО)

Оклахома Сити Тандер ја оствари 50. победа во сезоната откако ноќеска на домашен терен го совлада Хјустон со 137-128.

Прва ѕвезда на вечерта пак беше Шеј Гилџес-Александер кој уште еднаш ја мина границата од 50 поени. Канаѓанецот броеше до 51, а тоа е четврти натпревар во последните седум недели и воопшто во неговата кариера, да постигне над 50. Со тоа стана играч кој најбрзо собрал четири натпревари со 50 или повеќе поени во кариерата бидејќи му требаа само 19 натпревари. Зад него останаа Доминик Вилкинс со 44, Вилт Чембрлен со 56 и Мајкл Џордан со 57.

Со овој триумф, Оклахома отиде на 12 победи повеќе пред второпласираниот Лос Анџелес Лејкерс иако со два меча повеќе од него. Треба чудо да се случи за овој тим да не успее да го освои првото место на Западот, а тесна ќе биде борбата со Кливленд за најдобриот скор во основниот дел од сезоната.

РЕЗУЛТАТИ
Шарлот - Голден Стејт 101-119
Филаделфија - Портланд 102-119
Мајами - Вашингтон 106-90
Мемфис - Атланта 130-132
Оклахома - Хјустон 137-128
Далас - Сакраменто 98-122
Јута - Детроит 106-134