Несторовски е во конкуренција за играч на месецот во Хрватска

Македонскиот напаѓач, Илија Несторовски влезе во одлична форма, тоа го потврдува и фактот што е кандидат за играч на месецот.

Тој беше најдобриот играч на Славен Белупо во февруари и му помогна на тимот да освои значајни бодови.

Во борбата за играч на месецот има уште четворица конкуренти, тоа се Марко Ливаја (Хајдук), Роберт Мураџија (Локомотива Загреб), Мартин Батурина (Динамо Загреб) и Наис Џоухара (Риека).

За Несторовски може да гласате на овој ЛИНК.