
Можно ли е? На Јамал му предвидеа две „Златни топки“, но како играч на – Реал Мадрид!
Покрај тоа, фудбалската елита во наредните години ќе биде предводена од ѕвезди како Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор, Џуд Белингем и Ендрик. Во следните три години, според ВИ, Златната топка ќе ја освојат играчи на „кралевите“ и тоа Мбапе (2025), Винисиус (2027) и Белингем (2028) година. Покрај тоа, младата надеж на мадридскиот клуб, Ендрик, ќе биде добитник во 2032 година.
Јамал освен што ќе ја освои Златната топка во 2035 и 2037 година како играч на Реал Мадрид, претходно ќе ја освои наградата и во 2029 година, но како член на Барселона, која во моментов работи на подобрување на неговиот договор и планира да го врзе за клубот до 2030.
Друго неочекувано предвидување е дека Хулијан Алварез, моментално во Атлетико Мадрид, ќе ја освои Златната топка во 2031 година како играч на Барселона. Неизвесна иднина по 2040 година. Според ВИ, идните добитници на Златната топка по 2040 година ќе бидат „африкански талент“, „азиски талент“, „играч роден во 2020 година“ и „новиот Меси“.