Грилиш уште еднаш потврди дека е најголем пијаница во Премиер лигата (ВИДЕО)

Ѕвездата на Манчестер Сити и англиската репрезентација, Џек Грилиш, повторно е во фокусот на јавноста, но не поради неговите фудбалски квалитети, откако по саботниот триумф против Плимут во ФА Купот беше снимен во видно алкохолизирана состојба како излегува од паб во Њукасл.

Тој бил забележан во пабот „Лорд Нелсон“ во Гортон, предградие на Манчестер, каде што се фотографирал со навивачи. Подоцна вечерта, продолжил во клуб близу Сандерленд, каде што, според очевидци, „го искористил намалувањето на цената на пивото“. Фотографии од неговото вечерно излегување, облечен во сива дуксерка и искинати фармерки, брзо се проширија на социјалните мрежи. Грилиш бил забележан и во ирски паб во Њукасл, од каде си заминал пред полноќ во видно пијана состојба, држејќи стаклено шише. Се обидел да го сокрие лицето додека брзо влегувал во автомобил што го чекал.

Инцидентот се случува во време кога Грилиш се соочува со проблеми со формата и повредите. По неговиот рекорден трансфер од 100 милиони фунти од Астон Вила во 2021 година, оваа сезона одигра само 14 натпревари како стартер во сите натпреварувања. Тренерот Пеп Гвардиола неодамна ја доведе во прашање неговата физичка подготвеност, што дополнително ја засилува загриженоста околу неговата професионалност.

„Џек играше против Лејтон Ориент и беше многу добар, а потоа настапи против Реал Мадрид. Но, проблемот е што не може да одигра три натпревари по ред… Тоа е единствениот проблем“, изјави Гвардиола.

Овој најнов инцидент дополнително ја доведува во прашање иднината на Грилиш во Манчестер Сити, кој има уште две години за одработување со плата од 18,9 милиони евра по сезона.