
„Тоа што го имаше Ѓоковиќ со Федерер и со Надал е невозможно да се повтори!“
Шпанецот исто така повторува дека без разлика што сега има силна конкуренција, речиси е невозможно да се повтори ривалството какво што имаше „големата тројка“.
„Тие ја поставија летвичката за тенисот на астрономско ниво. Постојат многу играчи кои можат да освојуваат гренслем-титули и да ги победуваат најдобрите. Има млади тенисери, меѓу кои сум и јас, кои можат да се борат за големи успеси. Но, кога станува збор за ривалството помеѓу Надал, Федерер и Ѓоковиќ, вистината е дека тоа ќе биде практично невозможно да се повтори. Ќе имаме свои битки, јас ќе се борам со одлични тенисери, но ривалство како нивното е речиси недостижно“, изјави Алкараз.
Од легендарната тројка, моментално активен е само Новак Ѓоковиќ, кој во својата кариера освои 24 гренслем-титули. Надал има 22, а Федерер заврши со 20 трофеи.