
Анчелоти го испофали Симеоне: Ми се допаѓа како ја чита играта!
Ждрепката ги спои Реал Мадрид и Атлетико Мадрид рано во Лигата на шампионите, само еден од двата ривали ќе го продолжи натпреварувањето.
Пред денешниот меч Карло Анчелоти изрази голема почит кон Диего Симеоне.
„Го почитувам Диего Симеоне, тој е добар тренер, направи многу за Атлетико. Ми се допаѓа како ги чита натпреварите, неговите стратегии, како го подготвува тимот, како неговите тимови се бранат обединето, тој го однесе Атлетико на ново ниво“, вели Анчелоти.