Фудбал на „Ла Керамика“ нема да има: Одложен натпреварот Виљареал - Еспањол

Во Шпанија требаше да се одигра натпреварот од 26. коло помеѓу Виљареал и Еспањол, но истиот е одложен и вечерва фудбал на стадионот „Ла Керамика“ нема да има.

Виљареал ги информираше навивачите кои веќе беа влезени на стадионот дека можат да го напуштат стадионот, а натпреварот ќе се одигра на друг датум.

Причината за одложување на средбата е најавеното невреме во тој дел од Шпанија каде што е вклучен црвениот аларм.

Засега не е познато кога дополнително средбата ќе се одигра.