Додека Кимих се мисли, Баерн договорил друг важен потпис

Искусниот дефанзивец од редовите на Баерн Минхен, Дајо Упамекано постигна договор со Баерн Минхен за продолжување на соработката до 2030 година, пренесуваар германските медиуми.

Поранешниот фудбалер на Лајпциг пристигна на „Алијанц Арената“ на почетокот на јули 2021 година за оштета од 42.5 милиони евра и прерасна во еден од најсигурните дефанзивци во последните сезони.

И покрај тоа што неговиот мандат во Минхен има осцилации, сепак Баерн е задоволен и сака да го задржи Французинот.

Упамекано така ќе стане уште еден во низата фудбалери кои со Баерн во овој период потпишаа нов договор, но и понатаму тешка битка ќе се води околу Џошуа Кимих. Според информациите на новинарот Флоријан Плетенберг,  репрезентативецот на Германија влегол во нова рунда преговори откако претходно лидерот во Бундеслигата не успеал да го убеди.

Ќе потсетиме, претходно клубот постигна договори со Мануел Ноер, Џамал Мусиала и Алфонсо Дејвис.