Винисиус потврди: Реал Мадрид му забранил да се појави во Париз

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор го најави првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Атлетико и за бразилскиот ас ова беше прво појавување пред претставниците на медиумите од доделувањето на „Златната топка“ на 28 октомври.

Винисиус не го избегна ниту едно прашање на таа тема и објасни како се чувствувал во тие моменти.

„Не се чувствувам предаден бидејќи луѓето гласаат за она што веруваат. Имам свое мислрње, моите соиграчи исто така ми даваат голема поддршка да продолжам да играм и не ни соував дека некогаш ќе ја освојам „Златната топка“, но сакам да ја освојам, како и колку што е можно повеќе титули“, изјави Винисиус.

Тоа не беше единственото прашање на таа тема бидејќи новинарите го прашаа и за тоа што не се појави на церемонијата.

„Така одлучи клубот, јас го правам тоа што ќе ми се кажае. Побараа од мене да останам во Мадрид и бев мирен“, изјави бразилскиот фудбалер, потврдувајќи дека бојкотот не го направил самоиницијативно.