Фонсека нападна судија, го чека суспензија од седум месеци!? (ВИДЕО)

Тренерот на Олимпик Лион, Пауло Фонсека доби црвен картон откако нападна судија на мечот против Брест, а по средбата се појавија шпекулации дека му се заканува суспензија од седум месеци.

Фонсека ги загуби нервите во судиското надополнување и тргна кон судијата кој му покажа црвен картон, а по мечот Португалецот се смири и му се извини на арбитарот, меѓутоа тоа најверојатно нема да го спаси од казна.

Според француските медиуми, Фонсека би можел да добие суспензија од дури седум месеци, односно да паузира до ноември.