Дончиќ постигна кош од пола терен - тренерите за казна правеа склекови (ВИДЕО)

Лука Дончиќ приреди вистинско шоу пред почетокот на дербито меѓу Лејкерс и Клиперс, откако со прецизен шут од половина терен ги натера помошните тренери на својот тим да прават – склекови.

Словенечкиот ас потоа ја продолжи својата магија и на паркетот, водејќи го својот тим до победа од 108-102 во второто градско дерби во последните три дена. Дончиќ беше најдобар на теренот со 29 поени и девет асистенции, а воедно испиша историја со својата 100-та последователна тројка, станувајќи само петтиот играч во историјата на НБА со ваков подвиг.

Дополнително, тој стана вториот најбрз кошаркар во историјата на Лејкерс кој достигнал 150 поени, 50 скокови и 50 асистенции.