Нејмар постигна голчиште од слободен и пак се – повреди (ВИДЕО)

Фудбалската ѕвезда Нејмар постигна голчиште од слободен удар за Сантос во четврт-финалниот натпревар од бразилската Паулиста, но дуелот го заврши предвреме поради повреда.

Неговиот тим обезбеди пласман во полуфиналето откако синоќа славеше против Брагатина (2-0). Натпреварот започна одлично за тимот, а водството го донесе токму Нејмар во деветтата минута со прецизен удар од слободен удар од тешка позиција. Конечниот резултат го постави Жоао Шмидх во 56. минута, кој реализираше по асистенција на Гилерме.

Иако блескаше на теренот, Нејмар во 76. минута мораше да биде заменет поради повреда на левата нога. Иако со болки, тој успеа сам да излезе од теренот, а наместо веднаш да замине во соблекувалната, остана на клупата за да добие медицинска помош.