
Рамос не заборавил да игра фудбал – веќе го постигна првиот гол за Монтереј (ВИДЕО)
Триесет и осумгодишниот Рамос, кој осум месеци беше надвор од фудбалот пред да се пресели во Монтереј, веднаш ја доби капитенската лента во новиот клуб. Голот го постигна во 57-мата минута со удар со глава, носејќи предност од 2-1 за својот тим. Ова беше втор натпревар на Рамос во дресот на Монтереј, а тој одигра целосни 90 минути.
По мечот, шпанската легенда ја изрази својата радост на социјалните мрежи.
„Среќен сум за оваа тешко извојувана победа и за мојот прв гол во овој дрес. Благодарност до навивачите за поддршката“, напиша Рамос.