
Анчелоти разочаран: Ако играме вака, Атлетико сигурно ќе нѐ елиминира од ЛШ!
По натпреварот, тренерот Карло Анчелоти јавно го изрази своето незадоволство од играта и предупреди дека ваков пристап нема да биде доволен во пресрет на четврт-финалниот двомеч со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.
„Почнавме добро, но не успеавме да го задржиме интензитетот и ангажманот. Бетис заслужено победи. Ова е тежок удар за нас и мора да реагираме веднаш. Не одигравме на нивото што се очекува од нас“, изјави Анчелоти.
Со овој пораз, Реал Мадрид се најде во уште понеповолна позиција во трката за титулата, а ситуацијата дополнително се усложни откако Атлетико Мадрид го презеде врвот на табелата со победата над Атлетик Билбао (1-0). Анчелоти, свесен за важноста на претстојниот европски натпревар, испрати јасна порака до своите фудбалери.
„Ако играме вака, Атлетико сигурно ќе не елиминира од Лигата на шампионите, тоа е јасно. Се надевам дека тимот ќе се разбуди“, порача Италијанецот.
Во меѓувреме, „кралевите“ ќе се надеваат на кикс на Барселона, која вечерва го игра својот натпревар против Реал Сосиедад. Италијанскиот стратег откри и дека Килијан Мбапе не бил целосно подготвен за овој натпревар поради проблем со изваден заб, што влијаело на неговиот настап.
„Тој не тренираше многу во последните денови, па затоа решив да го заменам. Добро влеговме во натпреварот, но во последните 70 минути игравме многу слабо“, заклучи Анчелоти.
Атлетико Мадрид сега е прв на табелата во Шпанија со 56 бодови, додека Реал и Барса имаат по 54, со тоа што Каталонците имаат натпревар помалку.