
Јокиќ со нов историски трипл-дабл, Дончиќ и Леброн газдуваат во Ел-Еј (ВИДЕО)
Србинот со ова остварување го оствари својот 28. трипл-дабл оваа сезона и вкупно 159. во кариерата, со што се доближи до легендарниот Оскар Робертсон (181) и неговиот соиграч Расел Вестбрук (202) на вечната листа. Јокиќ на паркетот помина 34 минути и забележа 23 поени, 17 скокови и 15 асистенции, со прецизност во шутот од 6/12 од поле и 11/12 од линијата за слободни фрлања.
За истакнување е што српскиот центар сега се изедначи со Робертсон како единствени играчи во историјата на НБА кои имаат најмногу натпревари со учинок од најмалку 20 поени, 15 скокови и 15 асистенции – вкупно 14. Нагетс ја обезбедија победата во третата четвртина, која ја добија со 39:24, влегувајќи во последниот период со убедлива предност од 107-87. Покрај Јокиќ, одлична партија за Денвер одигра и Џамал Мареј со 31 поен, додека Мајкл Портер додаде 28. На другата страна, најдобар поединец кај Детроит беше Малик Бизли со 16 поени, а Осар Томпсон забележа 13.
ЛА Лејкерс, пак, славеа во градското дерби против Клиперс со 106-102. Лука Дончиќ беше најефикасен со 31 поен, додека Леброн Џејмс придонесе со 28 поени и 13 скокови. Кај поразениот тим, Ивица Зубац блесна со 27 поени и 16 скокови.
РЕЗУЛТАТИ: Бруклин – Портланд 102-121, Бостон – Кливленд 116-123, Атланта – Оклахома 119-135, Мемфис – Њујорк 113-114, Денвер – Детроит 134-119, Чикаго – Торонто 125-115, Мајами – Индијана 125-120, Феникс – Њу Орлеанс 125-108, ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 106-102, Јута – Минесота 117-116.