Мурињо преговара со Пеп за една од ѕвездите на Манчестер сити
Хрватскиот репрезентативец е пред излезни врати од „Итихад“, а за неговите услуги веќе покажаа интерес неколку тимови, меѓу кои дел и од Ла Лига.
Ковачиќ најмногу се поврзуваше со Атлетико Мадрид, но во трката за неговиот потпис сега се вклучи и Мурињо заедно со Фенербахче.
Фенербахче нема да штеди пари за потписот на хрватскиот фудбалер, односно ќе треба да плати околу 30 милиони евра.