Феран Торес си оди, Левандовски се сели на клупа, доаѓа Алварез за 100 милиони евра?

Одличните резултати оваа сезона се мотив за раководството на Барселона да почне да прави планови за идната натпреварувачка кампања во која амбициите ќе бидат уште повисоки.

И покрај тоа што е јасно дека Левандовски ќе остане во клубот, менаџментот веќе е во потрага по нов напаѓач, на долги патеки. Шпанските медиуми тврдат дека изборот паднал на аргентинскиот репрезентативец и член на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез.

Наводно, Барселона подготвува понуда од 100 милиони евра за човекот кој веќе освои се во кариерата и кој има фантастична сезона во дресот на Атлетико. Досега постигна 20 гола на 39 натпревари откако мадридскиот клуб летоска за него плати 75 милиони евра.

Сепак, прашање е дали Атлетико ќе се согласи да го пушти својот прв стрелец за „само“ 100 милиони евра имајќи предвид дека неговиот договор е со важност до 2030 година.