
Искри во Лондон: Две ѕвезди на Арсенал се фатиле „за гуша“
Англиските медиуми пишуваат дека две ѕвезди се фатиле „за гуша“ по ремито против Нотингем Форест, кое дополнително ги оддалечи од лидерот Ливерпул.
Деклан Рајс и Габриел имале жестока караница додека го напуштале теренот по натпреварот, а тоа не е добро за „топчиите“ кои би можеле да го загубат и второто место бидејќи ривалите зад нив полека ја „топат“ негативата.