
Нов проблем за Анчелоти - без Валверде против Сосиедад
Уругваецот остана на клупата на неделниот меч против Жирона, во рамките на Ла Лига, но многумина сметаа дека тоа е мерка на Карло Анчелоти со цел да го одмори својот фудбалер. Утре нема да биде ни меѓу резервите бидејќи се наоѓа во процес на рехабилитација откако еден месец играл повреден.
Валверде има проблеми со тетивата, но и покрај тоа беше еден од најдобрите во тимот на Реал. Против Сити дури беше и капитен и одигра 90 минути пред да биде заменет од Давид Алаба во судиското продолжение.