
Надал предизвика нова бура во тенисот: Синер не е единствен што се допингувал
Контроверзниот Тони Надал предизвика нова бура откако рече дека Италијанецот не е единствен што има проблеми со допингот.
„Изненаден сум што неколку играчи се свртеа против Синер, дури и некои од највисокото тениско ниво кои не се баш чисти. Го познавам лично Синер и сигурен сум дека немал намера да направи кривично дело. Не можете така да се однесувате кон лице поради грешка која можеби била случајна, а не поради некоја корист“, рече Надал.
По неговата изјава, светските медиуми почнаа со лицитација на имиња кои би можеле да користат допинг, а се меѓу најдобрите во светот. Спомнат е дури и Новак Ѓоковиќ кој веднаш по изрекувањето на казната на Синер се јави со критика дека суспензијата е мала, а целиот случај се водел мошне чудно.