
Рома ја прегази Монца која веќе може да се подготвува за Серија Б (ВИДЕО)
Ова е трет последователен триумф за римскиот тим под водство на тренерот Клаудио Раниери. Римјаните поведоа уште во почетните минути преку Алексис Салемакерс, кој погоди по асистенција од Елдор Шомуродов, кој нешто подоцна и самиот се запиша и како стрелец за удвојување на предноста. Во второто полувреме, Раниери тактички го смири темпото, не дозволувајќи Монца да се доближи до опасна позиција. Анхелињо го постигна третиот гол, а конечниот резултат го постави Брајан Кристанте во 88. минута.
Со оваа победа, Рома се искачи на деветтата позиција со 40 освоени бодови, на само два од последното место што води во европските натпреварувања. Монца, пак, останува закована на дното со 14 бодови, девет помалку од Парма, која е прва над линијата за испаѓање, што ја прави борбата за опстанок речиси невозможна.