Митревски како да имаше „сто раце“ против Алкалоид – ја маѓепса мрежата (ВИДЕО)

Пелистер вечерва на домашен терен убедливо го совлада Алкалоид (33-20) во рамки на 19. коло од Супер-лигата и дојде до пол-позиција за освојување на првото место на табелата пред плејофот.

Натпреварот го одбележа голманот Никола Митревски, кој со своето искуство и извонредни интервенции беше клучен фактор за триумфот на битолскиот тим. Долгогодишениот репрезентативец имаше 12 одбрани, вклучувајќи пенал-ситуации и неколку импресивни интервенции против удари од игра.

Особено впечатлив беше моментот во второто полувреме кога во период од само две минути успеа да запре три „живи топки“ – нешто што ретко се гледа во современиот ракомет.