Озил започна политичка кариера во партијата на Ердоган

Легендарниот германски фудбалер со турско потекло, Месут Озил дефинитивно влезе во политиката и беше именуван за еден од 39-темина нови членови на највисокот тело на партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган – извршниот одбор.

Озил подолго време е близок до Еродган и стана член на партијата веднаш по завршувањето на кариерата, а сега очигледно активно ќе се случи во политичките процеси во Турција.

Во изминатите години Озил често беше мета на критики поради блискоста со Ердоган, а во 2018 година, пет години пред да се повлече од фудбалот стави крај на репрезентативната кариера токму поради тоа.

Репрезентацијата ја напушти откако неговото дружење со Ердоган во Лондон предизвика голема бура.