
Ретклиф продолжува да дели откази - нема ниту храна за вработените на „Олд Трафорд“!
„Црвените ѓаволи“ се во финансиска загуба петта година во низа, а одлуката на Ретклиф минатата година да отпушти 250 вработени меѓу кои беше и легендарниот Сер Алекс Фергусон не донесе голем ефект.
Поради тоа новиот сопственик одлучил да отпушти уште 200 вработени, но исто така на оние кои останале им го укинал топлиот оброк, потврди клубот од „Олд Трафорд“.
Имено, во иднина само фудбалерите ќе имаат право на храна на сметка на клубот, додека сите останати вклучувајќи го и тренерот Рубен Аморим ќе може да добијат само супа и сендвич.
Според пресметките на раководството на овој начин клубот ќе заштеди повеќе од милион евра годишно.