
Тренерот на Милан им се извини на навивачите: Имате право да нѐ напаѓате!
„Се извинувам на сите навивачи кои беа со нас на последните натпревари. Примивме 12-15 голови поради непредизвикани грешки, што не се поврзани со тактика или стратегија. Често се прашувам како е можно тоа да ни се случува“, изјави Консеисао по натпреварот.
Иако Милан создаде повеќе шанси и промаши пенал, Торино на полувремето водеше со 1-0 без ниту еден удар во рамките на голот.
„Вакви работи се случуваат во фудбалот, но мораме да одговориме посилно. Разбирам колку е фрустрирачки кога голманот на противникот е нивниот најдобар играч, а ние не ги искористуваме шансите“, додаде португалскиот стратег.
Говорејќи за измената на Леао на полувремето, Консеисао објасни дека одлуката била донесена поради формата на играчот.
„Леао не е на посакуваното ниво, но сите во тимот се важни. Сепак, не треба да се фокусираме само на составот кога примаме два смешни гола. Во такви услови, секој тим би страдал“, објасни тој.
Конечно, Консеисао ја коментираше реакцијата на навивачите кои изразија незадоволство по последниот судиски свиреж.
„Апсолутно се во право. Ние сме одговорни што не победуваме и сосема е нормално нивните очекувања да бидат поголеми“, заврши предводникот на Милан.