Уште една лоша вест: Поповиќ до крајот на сезоната нема да ги предводи Спарси!

Легендарниот тренер на Сан Антонио спарс, Грег Попович, сè уште се опоравува од мозочниот удар што го претрпе во ноември минатата година, а најновите информации сугерираат дека веројатно нема да се врати на клупата оваа сезона.

Според новинарот на ЕСПН, Шамс Чаранија, неговата иднина останува неизвесна, бидејќи тој е надвор од тимот на неодредено време, а информациите за неговата здравствена состојба се ограничени. Попович последен пат јавно се огласи во декември, а познато е дека во моментов активно работи на своето опоравување.

Ова е дополнителен удар за Спарс, кои веќе останаа без својот најголем талент, Виктор Вембањама, кој поради повреда ќе го пропушти остатокот од сезоната.