
Надал на Ролан Гарос ќе добие чест како никој друг
Според најавите за почеотк оваа година му подготвуваат церемонија достојна на резултатите кои Шпанецот ги направи во Париз.
Надал се пензионираше со неверојатни 14 трофеи освоени на турнирот во Париз, а на овој турнир беше поразен само четири пати.
„Сигурно ќе приредиме нешто за Рафаел Надал, тоа нас ни е многу важно. Не заслужи збогување како на Дејвис Купот. На почетокот на декември Амели Морезмо (директорката на турнирот) беше кај него во посета и разговараше за церемонијата, но и иднината. Планираме да ги споиме двата бренда – Рафаел Надал и Ролан Гарос. Сакаме тој да биде наш амбасадор. Размислуваме за важни работи“, изјави претседателот на Тениската федерација на Франција, Жили Моретон.
Ролан Гарос оваа година ќе се игра од 25 мај до 8 јуни и титулата ќе ја брани сонародникот на Надал, Карлос Алкараз.