Екипата на Алкалоид со уште една победа против италијански Бриксен од 38-31 го потврди пласманот помеѓу најдобрите осум во ЕХФ Купот.

Алкалоид во првиот натпревар славеше победа од 12 голови разлика и практично уште тогаш го обезбеди местото во следната фаза, а денеска не дозволи никакво изненадување и во салата „Автокоманда“ запиша уште еден триумф.

Повторно гледавме ефикасен натпревар и во првите 30 минути се постигнаа 39 гола со тоа што Бриксен на пауза замина со еден гол предност (19-20).

Сепак, македонскиот претставник во вториот дел го подигна нивото на игра и лесно дојде до уште еден триумф, сега со седум гола разлика.

Александар Петковски со осум гола беше најефикасен кај Алкалоид, а зад него следеше Марко Митев со седум. На спротивната страна Оливеира Канадидо постигна 12.