Ајозе Перез го „реши“ Рајо, Виљареал чекори кон ЛШ (ВИДЕО)

Eкипата на Виљареал славеше победа на гости кај Рајо Ваљекано со 1-0 на во рамките од 25. коло во шпанската Ла Лига.

Првото полувреме не понуди премногу, но во 42. минута се случи клучниот момент кога домашниот тим остана со фудбалер помалку бидејќи Хорхе Фрутос заработи директен црвен картон.

Виљареал ја преземе иницијативата во второто полувреме и успеа да дојде до големи три бода.

Натпреварот беше одлучен со голот на Ајозе Перез во 66. минута, по асистенција на Алекс Баена. Виљареал сега е петти со 44 бода, додека Рајо е шести со 35.

Петтото место во Ла Лига следната сезона јаверојатно ќе води директно во Лигата на шампионите, па „жолтата подморница“ има на што да се надева.